За електричната енергија:

Потекло на електричната енергија

Електричната енергија може да се добие на неколку начини и од повеќе извори. Преку согорување на јагленот, нафтата и природниот гас, со искористувањето на енергијата на реките, ветерот, морињата и сонцето, но и од моќта на атомската енергија. Во Македонија електричната енергија се произведува од јагленот и од природниот гас, како и преку искористување на силата на водниот потенцијал .Во последно време за добивањето струја се користи сончевата енергија во фотоволтаичните електрани и енергијата на ветерот. Сепак најголем дел од електричната енергија во Македонија се произведува од фосилните горива, во кои спаѓа и јагленот. Нашата земја располага со рудни резерви само на ниско калоричен лигнит кој повеќе од 30 години се користи за добивање електрична енергија.

Извори на електрична енергија во Р.М

Срцето на македонскиот електроенергетски систем е РЕК Битола. Рударско енергетски комбинат кој задоволува најголем дел од потребите за електрична енергија во земјава.Трите блока на РЕК, заедно со ТЕЦ Осломеј, произведуваат 80- 85% од вкупното производство на струја во Македонија. Станува збор за голем енергетски комплекс, лоциран во прекрасната Пелагонија, но јагленот во трите електрани пристигнува од двата рудника .Животниот век на Суводол е при крај и затоа неодамна е отворен новиот рудник Брод-Гнеотино.Тој ќе овозможи непречена работа на трите блока во наредните 25 до 30 години. Преку бескрајна лента, долга 10 километри јагленот се транспортира до термоцентралите. Секој блок на РЕК Битола има инсталирана моќност од 225 мегавати и годишно заедно испорачуваат околу 4600 ГВЧ електрична енергија За две години треба да заврши сложениот процес на нивна ревитализација и модернизација што ќе овозможи работниот век на комбинатот да се продолжи за дополнителни 20-25 години. Домашните хидроцентрали испорачуваат околу 15 -20 % од вкупното производство или 1200 гигават часови струја годишно,во зависност од количеството врнежи . Силата на водата се чува во големите вештачки акумулации , а се искористува со пропуштање на водата во турбините кои преку генераторите произведуваат електрична енергија.

Што преставува либерализација на пазарот на електрична енергија

Либерализацијата на пазарот на електрична енергијазначи дека сите потрошувачи на електрична енергија можат да се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар, на фер и транспарентен начин. Целта на воведувањето на овој модел кој веќе функционира во повеќето европски земји е зголемување на понудата за потрошувачите и зајакнување на конкурентноста на пазарот.

За нас

Пан Интертрејд ДОО Скопје е лиценциран трговец и снабдувач со електрична енергија во Македонија. Компанијата работи успешно од 2012 година и зад себе има одлични резултати во изминатиот период. Од Септемви 2014 година почна да работи и во Р.Србија преку фирмата Пан Интертрејд Србија и со тоа го зајакна своето учество на балканскиот пазар на електрична енергија.

Повеќе...

Корисни линкови

www.erc.org.mk
www.mepso.com.mk
www.hupx.hu

Контакт

ПАН ИНТЕРТРЕЈД ДОО Скопје
+389 2 3098 270
+389 2 3098 270
office@panintertrading.com

Повеќе...